Вислава Шимборска

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Вислава Шимборска
Шимборска во Краков , Полска , 2011 г.
Роден/а 2 ?ули 1923 ( 1923-07-02 )
Провент, Полска (денес Бнин, Курник , Полска)
Починат/а 1 февруари 2012 (2012-02-01) (возр. 88)
Краков, Полска
Занима?е
Националност Пол?ачка
Знача?ни награди
Сопруг/а Адам Влодек (1948?1954; разведена)

Вислава Шимборска ( полски : Maria Wisława Anna Szymborska ; селото Провент, до Курник, Полска, 2 ?ули 1923 ? Краков, Полска, 1 февруари 2012 ) ? полска поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература во 1996 година.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Шумборска во Краков, 2009 година.

Вислава Шимборска е родена во 1923 година во селото Б?ин покра? Курник , во близината на Позна? , од татко Винценти и ма?ка Ана (родена како Ротермунд). Во 1931 година, со своето семе?ство се преселила во Краков каде што останала да живее до кра?от на животот. Во 1939 година, кога Германи?а ?а окупирала Полска , Шимборска го продолжила своето образование во илегала. Од 1943 година се вработила во железницата и така успеала да ?а избегне депортаци?ата во Германи?а на принудна работа. По ослободува?ето на Полска, во 1945 година започнала да студира полски ?азик и книжевност, а потоа социологи?а на ?агелонскиот универзитетот во Краков. Поради лошата финансиска положба, во 1948 година ги прекинала студиите и се омажила за поетот Адам Владек од ко? се развела во 1954 година. [1] По Втората светска во?на, за да можела студира и да се вработи, Шимборска морала да стане член на полската комунистичка парти?а (ПУРП), а парти?ата ?а напуштила во 1966 година. Од 1953 година до 1981 година, Шимборска работела во литературното списание ?Литературен живот“ ( ?ycie Literackie ). Од 1981 до 1983 година била дел од уредништвото на списанието ?Писмо“, а соработувала и со списанието ?Почетна позици?а“ ( Nagłos ), а потоа, поради опозиционерската активност, завршила како слободен писател и пензионерка. [2] Умрела на 1 февруари 2012 година по долго боледува?е од рак на белите дробови . [3] [4]

Личен живот [ уреди | уреди извор ]

Во април 1948 година се омажила за поетот Адам Влодек и заедно живееле во Домот на Писателите на ул. Крупнича 22 во Краков. Целата атмосфера на тамошното живее?е имала инспиративно вли?ание врз творештвото на поетесата. Таа се развела од сопругот во 1954 година. Од октомври 1967 година била во врска со писателот Корнел Филипович сe до неговата смрт во 1990 година (сепак, тие никогаш не биле во брак ниту живееле заедно).

Творештво [ уреди | уреди извор ]

На?голем дел од творештвото на Шимборска отпа?а на поези?ата . Таа се смета за на?големата полска поетеса, [5] а заедно со Збиг?ев Херберт и Тадеуш Ружевич , го сочинува врвот на полската поези?а . [6] Не?зините песни се преведени на околу 50 ?азици .

Малку е познато дека Шимборска дебитирала како прозен писател, пишува??и кратка проза , а Адам Влодек (поет, уредник на неколку весници и издавачки ку?и и не?зин подоцнежен сопруг) ? то? ко? ?а убедил да се префрли на поези?ата . [7] Шимборска се по?авила на поетската сцена непосредно по Втората светска во?на : во март 1945 година, во весникот ?Полски дневник“ ( Dziennik Polski ) ?а об?авила сво?ата прва песна ?Барам зборови“ ( Szukam słowa ). Во 1949 година, не?зината прва книга не ?а поминала државната цензура , но таа и понатаму останала верна кон соци?алистичката власт и продолжила да ги фали Ленин , Сталин и достигнува?ата на соци?ализмот . Не?зините две збирки поези?а об?авени во раните 1950 -ти, ?Затоа живееме“ (1952) и ?Праша?а поставувани на себеси“ (1954) немаат неко?а посебна вредност, биде??и биле напишани во стилот на соцреализмот и подоцна не биле вметнувани во изборите од не?зината поези?а. Пресвртна етапа во не?зиното творештво е об?авува?ето на збирката ? Повикува?е на ?ети “ (1957) [2]

Освен песни, Шимборска пишувала и белешки за прочитаните книги кои ги об?авувала како додаток на краковското списание ?Книжевен живот“, а кои се об?авени како посебни збирки: ? Незадолжителни лектири “ ( Lektury nadobowi?zkowe ) во 1973 година, ?Незадолжителни лектири, втор дел“ ( Lektury nadobowi?zkowe, cz??? druga ) во 1981 година, [8] и ?Незадолжителни лектири“ во 1996 и во 2003 година. [6] [9] Исто така, таа се занимавала и со превод од француски на полски ?азик . На?после, Шимборска пишувала и лимерики при што ?а основала Ложата на лимерики, како и фонд од ко? секо?а година доделувала две награди. Покра? собира?ето ?кич“ и стари разгледници, не?зина голема паси?а било праве?ето колажи кои никогаш не ги излагала во галериите, туку им ги испра?ала на при?ателите и на преведувачите како новогодишни честитки. [9]

Библиографи?а [ уреди | уреди извор ]

Шимборска е позната по тоа што пишувала малку, така што не?зиното творештво е мало по обем - околу 350 песни за време на шеесетгодишното творештво. Не?зини познача?ни збирки песни се следниве: [1] [6] [8] [10] [11]

Последната книга на Шимборска е об?авена посмртно и ги содржи не?зините последни 13 песни, како и скици на неколку недовршени песни. [12]

Осврт кон творештвото на Шимборска [ уреди | уреди извор ]

Во сво?ата поези?а, Шимборска се раководела од идеалот истакнат од страна на ?ули?ан Пшибош дека секо?а песна треба да се пишува како претходно да не е напишана ниту една песна и како авторот да не може да се потпре врз ништо претходно. Затоа, книжевната критика никогаш не можела да ?а смести Шимборска во ниту една категори?а или книжевен стил. Иако во пишува?ето, таа се служи со традиционални средства и постапки (опис, приказна, создава?е жанр-слики), не?зините песни се исклучително модерни. Но, за разлика од традиционалната поези?а, ка? неа секо? стих рамноправно му служи на развива?ето на мислата, така што во не?зините песни нема никаква посебно истакната поента. Во оценува?ето на не?зината поези?а , критичарите се повикувале на Ла?бниц , Декарт и Ха?дегер , но истовремено, не?зините песни се одликуваат со женска чувствителност, дискретност и хумор . Сепак, не?зините песни се одликуваат со голема читливост, така што лесно ?а освоиле не само критиката, туку и широката публика. [13]

Поези?ата на Шимборска изненадува со сво?ата привидна едноставност - ка? неа сe е одмерено и усогласено, без претерана стилизаци?а. Таа подеднакво добро ги негува римуваниот класичен стих и ружевичевскиот стих. Формалната дисциплина на не?зините песни е во согласност со нивната содржина и со мисловната порака. Во не?зината поези?а секогаш е присутна желбата да се иницира неко?а суштинска мисла , да се прошири границата на човековото сознание и да се каже нешто ново за односите ме?у лу?ето и за местото на човекот во светот. Начинот на ко?што таа ги об?авува своиет размислува?а често претставува мало откритие, зашто таа секогаш знае да ?а прона?де вистинската мера. Кон себе таа е критична и скептична како во однос на лирското расположение така и во однос на ?убовта . Таа не се плаши современиот човек да го прикаже во смешна, речиси гротескна положба, дури и кога зборува во името на своето лирско ?ас, што докажува дека не?зините песни се плод на долго размислува?е и на големо знае?е за светот и за лу?ето. Не?зината песна не е лесна и распеана и се чувствува дека не?зината мудра и човечка лирика е длабоко доживеана. [14]

Полските критичари истакнуваат дека поези?ата на Шимборска е филозофска на природен и спонтан начин, зашто во неа нема научни изрази и непосредно формулирани проблеми, туку само мисловни и ?азични игри кои на?често се одигруваат низ ди?алози за можностите и немоможностите за изразува?е на човекот и на светот. Притоа, иако не е ?лингвистички поет“, таа се труди да ги искористи можностите на зборовите, но да не биде зависна од нив. Сепак, неочекуваните пресврти, случа?ности и открити?а застапени во речиси секо?а не?зина песна потврдуваат дека таа експериментира со ?азикот , но тоа не го прави преку создава?е неологизми и шокантни фразеолошки состави. Таа на?често само поставува праша?а, биде??и тие се основната реторска фигура во не?зиното творештво. Според теоретичарот Михал Глови?ски, не?зините игри со зборовите се функци?а на мудроста , одлучуваат за неповторливоста и оригиналноста на не?зината поези?а ко?а е необичен спо? на сериозност и лудизам. Исто така, Шимборска не е моралистка, туку таа е изразена индивидуалистка ко?а сe изразува во свое име. [15] Според полскиот критичар ?ежи Ква?тковски, не?зините песни се одликуваат со големо богатство, па дури и со расипништво, зашто во некои не?зини песни има доволно матери?ал за цели поетски збирки. [16] Самата Шимборска ?а опишала сво?ата поези?а во песната ?Епитаф“ во ко?а себеси се нарекува ?старовремска... авторка на неколку песни“ ко?а ?не спа?ала во ниту една книжевна група“. [17]

Нобеловата пофалба [ уреди | уреди извор ]

?Во Вислава Шимборска, Шведската Академи?а сака да оддаде почит на претставник на извонредната чистота и мо? на поетското гледа?е. Поези?ата како одговор на животот, начин на живее?е, играта на зборовите како мисла и чувствителност. Песните на Вислава Шимборска се совршени зборови, високо префинети слики, ментална allegro ma non troppo, како што се нарекува една од не?зините песни. Ме?утоа, темнината, на ко?а не подлегнуваат директно, се чувствува во нив исто како движе?ето на крвта под кожата “[36]

Награди и признани?а [ уреди | уреди извор ]

За сво?ата поези?а, Шимборска добила пове?е награди и признани?а, како:

  • Наградата за литература на градот Краков, 1954 година,
  • Наградата на Министерството за култура на Полска, 1963 година,
  • Наградата ? Гете “, 1991 година,
  • Наградата ? Хердер “, 1995 година,
  • Почесен докторат на Универзитетот ?Адам Мицк?евич“ во Позна? , 1995 година,
  • Наградата на Полскиот ПЕН Клуб, 1996 година,
  • Нобеловата награда за литература , 1996 година
  • Златен медал за ?Заслуги за културата Глори?а Артис“ (2005)
  • Детска награда ?Срца“ за помош на децата од Швид?ица. Преку ?ацек Курон и неговата Фондаци?а ?Соци?ална помош СОС“, таа донираше дел од Нобеловата награда за купува?е прозорци за Европскиот центар за при?ателство со децата, ко? се гради во Швид?ица.
  • Златен медал на честа за заслуги на Малополското Во?водство (2012 година, постхумно) [18]
  • Полскиот Орден на белиот орел , 13 ?ануари 2011 година.

Комемораци?а [ уреди | уреди извор ]

  • На влезот во кафулето Nowa Provin во Краков (кое често го посетуваше Вислава Шимборска), во март 2014 година беше поставен  Поетски Домофон, каде што може да си пуштите снимка од поетесата ко?а ?а чита сопствената поези?а [19] [20] [21]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 [1]
  2. 2,0 2,1 ?Napomena priređiva?a“, во: Vislava ?imborska, Izabrane pesme . Beograd: Tre?i trg, 2014, стр. 419-420.
  3. ?Почина добитничката на Нобеловата награда Вислава Шимборска, Дневник , 2.2. 2012“ . Архивирано од изворникот на 2012-02-04 . Посетено на 2012-06-21 .
  4. Почина нобеловката Вислава Шимборска, Нова Македони?а , четврток, 2.2.2012 [ мртва врска ]
  5. Savremena poljska poezija . Beograd: Nolit, 1964, стр. 183.
  6. 6,0 6,1 6,2 Petar Vuji?i?, ?Radost pisanja“, во: Vislava ?imborska, Svaki slu?aj . Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 132.
  7. ?Napomena priređiva?a“, во: Vislava ?imborska, Izabrane pesme . Beograd: Tre?i trg, 2014, стр. 419.
  8. 8,0 8,1 Petar Vuji?i?, ?Radost pisanja“ во: Vislava ?imborska, Svaki slu?aj - Izabrane pesme . Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 132.
  9. 9,0 9,1 ?Napomena priređiva?a“, во: Vislava ?imborska, Izabrane pesme . Beograd: Tre?i trg, 2014, стр. 421.
  10. [2]
  11. Окно
  12. Доста е - последната книга на Шимборска
  13. Petar Vuji?i?, ?Radost pisanja“ во: Vislava ?imborska, Svaki slu?aj - Izabrane pesme . Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 133-135.
  14. Savremena poljska poezija . Beograd: Nolit, 1964, стр. 183-184.
  15. ?Napomena priređiva?a“, во: Vislava ?imborska, Izabrane pesme . Beograd: Tre?i trg, 2014, стр. 420-421.
  16. Petar Vuji?i?, ?Radost pisanja“, во: Vislava ?imborska, Svaki slu?aj . Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 133.
  17. Vislava ?imborska, Izabrane pesme . Beograd: Tre?i trg, 2014, стр. 68.
  18. Pietrych, Krystyna (2017). ?Jacek Brzozowski (26 lutego 1951 - 18 czerwca 2017). Wspomnienie“ . Pami?tnik Literacki (3). doi : 10.18318/pl.2017.3.18 . ISSN   0031-0514 . no-break space character во |title= во положба 53 ( help )
  19. Gajda, Krzysztof (2013). ?Ile piosenki w poezji… Rec.: Piotr Łuszczykiewicz, "Piosenka w poezji pokolenia ery transformacj 1984-2009", Pozna? 2009“ . Pami?tnik Literacki (1). doi : 10.18318/pl.2013.1.11 . ISSN   0031-0514 .
  20. Połtorak, Mateusz (2021-10-07). ?Odpowiedzialno?? Skarbu Pa?stwa za niezwrocenie si? przez polski s?d z pytaniem prejudycjalnym do TSUE lub niewstrzymanie si? z wydaniem rozstrzygni?cia do czasu rozpoznania takiego pytania zadanego przez inny s?d ? na przykładzie sprawy dotycz?cej proporcjonalnego zwrotu prowizji przy wcze?niejszej spłacie kredytu (C-383/18)“ . Kwartalnik Krajowej Szkoły S?downictwa i Prokuratury : 101?116. doi : 10.53024/5.3.43.2021 Проверете ?а вредноста |doi= ( help ) .
  21. Nikolaev, Andriej B. (2019-09-18). ?Rewolucja parlamentarna: Piotrogrod, 27 lutego ? 3 marca 1917 roku“ . Przegl?d Wschodnioeuropejski . 10 (1): 59?74. doi : 10.31648/pw.4503 . ISSN   2081-1128 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]