Анастаси? I

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Анастаси? I
Византиски цар
На престол 11 април 491 ? 9 ?ули 518
Претходник Зенон
Наследник ?устин I
Роден(а) c . 431
Драч , денешна Албани?а
Починал(а) 9 ?ули 518 (87 години)
Цариград
Придружник Ели?а Ари?адна
Полно име
Флави? Анастаси?
Династи?а Лавова династи?а

Флави? Анастаси? ( грчки : ?ναστ?σιο? Α , латински : Flavius ??Anastasius ) бил византиски цар во периодот од 11 април 491 до 9 ?ули 518 година, како последен претставник на т.н.. Тракиска династи?а или Лавова династи?а . Анастаси? бил конзул во 492 , 497 и 507 година. Управувал под името Анастаси? I.

То? бил висок функционер во царската палата, задолжен за церемониите и се претставил како голем администратор. На византискиот престол се качил кога имал околу 60 години, кога бил избран како сопруг на царската вдовица Ели?а Ари?адна . На 11 април 491 година, 2 дена по смртта на Зенон, Анастаси? бил прогласен за цар од во?ниците и народот во главниот град. Ели?а Ари?адна го прогласила за август и малку потоа се омажила за него.

Владее?е [ уреди | уреди извор ]

Внатрешна политика [ уреди | уреди извор ]

Во времето на владее?ето на Анастаси? I, поделбата на двете партии во Цариград започнала да се чувствува многу силно и нао?а израз во соперништвото ме?у разните фракции, кои биле формирани околу хиподромот. Парти?ата на сините била наследник на старата римска аристократи?а од славното царско време, додека зелената парти?а се стремила кон доа?а?е на власт и позиции во администраци?ата.

Анастаси? I пове?е давал поддршка на парти?ата на Зелените, спроведува??и голем бро? на даночни и финансиски реформи, промени во монетарниот систем и отстранил поголем дел од даночните обврски на трговците кон државата. На то? начин значително се подобрила нивната ситуаци?а. Овие популистички мерки се одразиле позитивно на економи?ата и државните финансии, но подоцна, заедно со обвинува?ата дека царот е еретик и монофизит, довеле до незадоволство и немири и до избувнува?е на гра?анска во?на.

Надворешна политика [ уреди | уреди извор ]

Управува?ето на Анастаси? I се одликува со голем бро? на одбранбени во?ни. По неговото стапува?е, царската во?ска го задушило востанието во Мала Ази?а (т.н. Исаври?ска во?на 492-497) на генерал Лонгин, брат на претходниот цар Зенон . Две години по доа?а?ето на престолот во импери?ата упаднале Бугарите кои пустееле по цела Траки?а и се заканиле на Цариград. Поради тоа, Анастаси? наредил изградба на ?идини ( Анастасиеви ?идини ) кои започнувале од Мраморно и завршувале на Црно Море на 65 километри од престолнината.

На запад импери?ата склучила со?уз со Франките кои владееле со поранешната римска Гали?а , додека Анастаси? ?а признал и власта на остроготите над Далмаци?а . Анастаси? одржувал мир со готска Итали?а и со Вандалите во Северна Африка , но на источната граница се водела во?на против Сасанидска Перси?а (Персиско-византиска во?на 502-506). Воените де?стви?а во северозападна Месопотами?а се одвивале со променлив успех и завршиле со вра?а?е на статус кво пред започнува?ето на во?ната. Мирот со Перси?а продолжил во наредните 20 години.

Востание [ уреди | уреди извор ]

Кон кра?от на сво?от живот Анастаси? започнал да ги поддржува монофизитите, кривоверци кои биле следбеници на уче?ето на патри?архот Евтихи?, според кого двете природи на Исус - човечка и божествена - се преплетуваат до таква мера што почнува да доминира божествената. Православното свештенство ги нападнало еретичките гледишта на царот, кое довело до бунт ме?у народот во Цариград во 512 година. Анастаси? ?а симнал круната пред толпата на хиподромот и ?авно об?авил дека е подготвен да абдицира. Немирите стивнале без употребата на воена сила.

Од 513 година Анастаси? започнал во?на против воениот началник Витали?ан ко? имал претенции кон престолот. Витали?ан ?а искористил непопуларноста на царот и се об?авил како заштитник на православната вера со кое привлекол голем бро? на поддржувачи. Во 514/515 година со помош на Кутригурите , узурпаторот ?а опустошил Траки?а и пристигнал до главниот град, каде бил одбиен од царските сили. Сепак, бунтовниците с? уште претставувале закана, поради што царот бил принуден да направи некои територи?ални и парични попусти со кои фактички ?а признал независноста на Витали?ан во Мизи?а . Востанието не беше потиснато дури и по кра?от на Анастасиевото управува?е.

Анастаси? починал ненаде?но на 88 години во царската палата, како што гласи преданието, од стрес за време на страшна но?на бура на 9 наспроти 10 ?ули 518 година. На денот на неговата смрт импери?алното богатство изнесувало 320 ил?ади фунти (над 100 тони) злато. [1] . Анастаси? I бил погребан во црквата посветена на Светите Апостоли .

Семе?ство [ уреди | уреди извор ]

Анастаси? имал сестра Цезари?а и брат Флави? Павле (конзул, 496 година) [2] [3] . Анастаси? бил ву?ко на Флави? Хипаци?, Флави? Помпе? и Флави? Проб [4] , кои не успеваале да се искачат на престолот.

Според легендата, биде??и бил без деца, или барем немал законски синови, Анастаси? та?но одлучил да го остави изборот на случа?носта и да избере за сво? наследник оно? од внуците, ко? ?е седне на точно определен стол за време на специ?ално свикано собрание. Но биде??и два од внуците седнале заедно еден до друг, а третиот избрал друго место, определениот стол останал празен. На кра?от Анастаси? не посочил никого за сво? наследник. Наследен бил од Флави? ?устин, началник на царската гарда ( excubitores ).

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. P. Brown, The world of late antiquity, W.W. Norton and Co. 1971 (p 147)
  2. ? " The Consular List " . Архивирано од изворникот на 2008-04-17 . Посетено на 2015-07-19 .
  3. Late Antiquity: A Guide to the Postclassical World (by G.W. Bowersock, Oleg Grabar). Harvard University Press, 1999. Pages 300?301.
  4. Prosopography of the Later Roman Empire , vol. 2

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]