한국   대만   중국   일본 
?он Толанд ? Википеди?а Пре?ди на содржината

?он Толанд

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

?он Толанд ( англиски : John Toland ) - ( 30 ноември 1670 , Ардаг, Ирска - 11 март 1722 , Лондон , Англи?а ) англиски филозоф.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

?он Толанд

?он Толанд се родил во 1670 година, во Ирска. Спред некои извори, то? бил незаконски син на католички свештеник. Како бунтовен и немирен дух, ве?е на возраст од 14 години, то? учествувал во некое локално востание, поради што бил осуден на ?авно камшикува?е. Пред сво?ата смрт , самиот си составил епитаф за сво?от над гробен споменик, на ко?што напишал: ?Veritatis propugnator, libertatis assertor“ (?Борец за вистина, бранител на слободата“). [1]

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Насловната страница на делото ?Hypatia“, издание од 1753 година.

Толанд започнал рано да пишува и ве?е во сво?ата 21. година го об?авил своето прво дело ?Племето на Леви“ ( Tribe of Levi ) во кое тврди дека на светот нема ништо поштетно од свештенството. Поради острите реакции на оваа книга, Толанд морал да побегне во Холанди?а . Во 1696 година го об?авил своето славно дело ?Христи?анство без та?ни“ ( Christianity not mysterious ). Исто така, то? об?авувал и издани?а на ту?и дела. Така, во 1699 година ги об?авил делата на поетот ?он Милтон , заедно со неговата биографи?а, а во 1700 година ги об?авил делата и биографи?ата на републиканецот ?е?мс Харингтон ( James Harrington ). Истата година го об?авил своето дело ?Clito или за говорот“, во 1701 година следувале делата ?Anglia libera“ и ?Државни парадокси“, во 1702 година го об?авил делото ?Vindicius liberius или самоодбраната на Г. Толанд“. Понатаму, негови попознати дела се и: ?Писма до Серена“ ( 1704 ), ?Adeisidaemon“ ( 1708 ), ?Nazarenus“ (1718 ), ?Tretradymos“ ( 1720 ), ?Pantheistikon“ (1720) итн. Сите овие дела имале слична судбина како и неговата прва книга : предизвикале остри реакции, против секое од нив биле об?авени неколку памфлети, книгата ?Христи?анство без та?ни“ била ?авно запалена, а еден член на цензурата дури предложил да се запали и не?зиниот автор. Поради непри?атлескиот став кон неговите дела, Толанд бил принуден многу од своите книги да ги издава анонимно, ?авно да из?авува дека нема ништо против христи?анството и монархи?ата или дека е непри?ател на атеизмот , а често морал да го менува местото на живее?е (Англи?а, Ирска, Холанди?а, Германи?а , Чешка и Австри?а ). [1]

Предната корица на ?Pantheisticon“ од 1720 г.

Пантеизмот на Толанд [ уреди | уреди извор ]

Низ целото творештво на Толанд прове?ува борбата за слобода на мисле?ето. Според него, слободното изразува?е на мислите е услов за ?авна афирмаци?а на вистината. Оттука, Толанд се борел против верската нетолеранци?а и политичката тирани?а. Во то? поглед, Толанд се солидаризирал со филозофите - пантеисти , смета??и ги за ?непри?атели на сите тирани, без оглед на тоа дали се монарси или деспоти, олигархиски оптимати или анархистички деспоти“. Според него, ?пантеистот нема никого да прогонува само поради неговите уверува?а, т.е. неговите зборови и дела, доколку тие никому не причинуваат штета“. На то? начин, проширува??и ?а толеранци?ата и на атеистите, во борбата за верска толеранци?а, Толанд отишол чекор напред во однос на ?он Лок , ко? ги исклучувал нив. [2]

Во продолжение, Толанд се залага и за внатрешна слобода, т.е. лу?ето треба да се ослободат од сите авторитети кои им ?а заробуваат слободната мисла. Тука, то? во прв ред мисли на религи?ата со не?зините догми. Во то? поглед, Толанд ?а продолжил традици?ата на таткото на англискиот деизам , Херберт од Чербери ( Herbert of Cherbury ), ко? на почетокот на 17 век се залагал за ?природна“ или ?разумна“ религи?а. Така, во делото ?Nazarenus“, Толанд вели дека неговата религи?а нема да содржи ништо таинствено, несфатливо и воопшто, ?ништо што би придонесувало за поробува?е на духот и телото на народот, ништо што би им служело на намерите на владетелите и свештениците против доброто на човечкиот род“. Притоа, своето религиозно-филозофско уче?е, Толанд го делел на два дела: егзотерично (надворешно или народско и расипано), кое е наменето за ?авна употреба, и езотерично (внатрешно или чисто и вистинско), наменето само за та?ни кружоци на избраната интелектуална елита. [3]
Причината за оваа поделба, произлегува од потребата да се избегне реакци?ата на власта, зашто, според него, ?ниедна религи?а не трпи да ? се противречи...на празноверните и лицемерни приврзаници на религи?ата...треба да им заблагодариме за раздорот, расцепот, казните, жигосува?ето, апсе?ето, прогонствата и убива?ето“. Оттука, Толанд се залагал за внимателно пропагира?е на пантеистичката филозофи?а, т.е. пантеистот ?на сво?а сопствена штета нема да ? се спротивстави на вообичаената религи?а, ко?а во филозофските работи отстапува од вистината, но нема ниту целосно да молчи, ако му се укаже поволна прилика... пантеистите нема да истапат отворено пред да им биде дозволено да мислат што сакаат и да го кажат она што го мислат“. [4]

Инаку, самиот Толанд го нарекол своето уче?е ?пантеизам“, а според него, вселената е направена од еден единствен матери?ал од кого потекнуваат сите нешта, кои се состо?ат од едноставни неделиви елементи кои според видовите и количеството се бесконечни. Тие елементи не може да се уништат и сите предмети настануваат или пропа?аат преку спо?ува?е, разделува?е и различни комбинации на тие елементи. Според Толанд, ?во светот не се случува ништо ново, освен промена на местата“. То? смета дека “сe се нао?а во движе?е“ и дека ?во природата нема ниту една точка ко?а би се нао?ала во апсолутно мирува?е“. За разлика од Спиноза , Толанд смета дека движе?ето не е модус, туку атрибут на матери?ата , не?зинот битно сво?ство кое ?е подеднакво неделиво од не?зината природа, колку што од неа се неделиви непробо?носта и простира?ето“. Како израз на овие сфа?а?а, едно од своите две писма наменети на спинозистот (об?авени заедно со трите писма на Серена), Толанд го нарекол ?Движе?ето како битно сво?ство на матери?ата“ ( Motion essential to matter ). [5] Слично на тоа, Толанд го критикувал и сфа?а?ето на ?утон за издво?ува?ето на просторот од матери?ата, иако ниту то? самиот не успеал да до?де до решение на ово? проблем. Понатаму, то? го критикувал и Спиноза, тврде??и дека мисле?ето не е атрибут на матери?ата, зашто тоа ?не може да се оствари поинаку освен како де?ност на мозокот“, т.е. ?мисле?ето е специфично движе?е на мозокот“ и дека ?сите мисли се телесни“. [6]

Иако целата негова концепци?а е матери?алистичка , Толанд оставил место и за постое?ето на Бога . Според неговите зборови, ?конечно, силата и де?носта на вселената, ко?а е творец и управувач на сите нешта и ко?а секогаш ги насочува кон на?добрата кра?на смисла, е Бог, кого можеш да го наречеш душа или дух на вселената и поради тоа членовите на сократовскиот со?уз ги нарекуваат пантеисти, зашто таа сила само чове?киот начин на претставува?е ?а дели од вселената“. Така, Толанд го сфа?а Бог не како сила ко?а е надвор од вселената и ко?а управува со неа, туку како не?зина внатрешна активност, како не?зина душа. Токму поради ваквите сфа?а?а, Толанд бил напа?ан и прогонуван како атеист. [6]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 94-95.
  2. ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 95-96.
  3. ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 96-97.
  4. ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 98.
  5. ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 99.
  6. 6,0 6,1 ?John Toland“ во: Gajo Petrovi?, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa . Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 100.