한국   대만   중국   일본 
Васил Ди?амандиев ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Васил Ди?амандиев

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Васил Ди?амандиев
Роден 30 ?ануари 1839 или 1840
Охрид , Македони?а
Починал 1 ма? 1912
Софи?а , Бугари?а

Васил Ди?амандиев ( 30 ?ануари 1839 - 1 ма? 1912 ) ? македонски просветен работник, публицист и револуционер. [1] [2]

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Роден е во Охрид . Основно образование завршил во родниот град. Учителствува во Охридско (1855-1857). Потоа го продолжува студира?ето во Руси?а (1858 година). На Московскиот и Киевскиот универзитет посетува студии по физика и математика. [1] [2]

Се вратил во Македони?а и учителствувал во Кукуш (1861-1866 година), Велес и Охрид (1867-1868). Паднал во немилост на патри?аршискиот грчки владика во Охрид, ко? успеал преку интриги, со помош на турските власти, да го затворат. Откако излегол од затвор, по трет пат оди во Руси?а. Работел како учител во Бесараби?а , каде што истовремено ги редактирал и весниците ? Ехо на Болград и ? ?алпуг (1872-1873). [1] [2]

Српско-турска во?на [ уреди | уреди извор ]

Бил мошне активен по избувнува?ето на Српско-турската во?на (1876 година). То? бил иници?атор за основа?е на комитет за помага?е на борбата на другите балкански народи за ослободива?е од турското владее?е. Со оваа цел, се сретнал во Букурешт , со бугарските првенци Георги Раковски , Ха?и Димитар , Стефан Кара?а и други. [1]

Руско-турска во?на [ уреди | уреди извор ]

За време на руско-турската во?на (1877-1878) го активирал споменатиот комитет. После Берлинскиот конгрес (1878) испра?ал петиции до големите сили за решава?е на македонското праша?е. [1] [2]

Македонско востание [ уреди | уреди извор ]

За време на Македонското востание станал член на софискиот комитет ?Единство“. [3]

Политичка активност [ уреди | уреди извор ]

Кога во 1880 г. во Грамен Теке, Островско , Еге?ска Македони?а , се одржало Македонско национално собрание и се формирала Привремена влада на Македони?а - Единство , во Русе , Бугари?а , ?а формирал Македонската лига , [4] составена главно од Македонци кои учествувале во Руско-турската во?на (1877-1878). [2] Лигата е едно од првите здружени?а на Македонци во Бугари?а. [2] [4]

Васил Ди?амандиев бил не?зин претседател, [4] во времето кога Лигата испратила Меморандум до големите сили и Манифест до македонскиот народ со бара?е за автономи?а на Македони?а со седиште во Солун и возобновува?е на Охридската архиепископи?а со седиште во Солун . [2]

Од 1882 до 1884 г. во Софи?а го раководел Македонското благотворно друштво , а потоа работи во друштвото ?Македонски глас“. [1]

Во 1886 г. станува член на Та?ниот македонски комитет . Организира испра?а?е на комитски чети од Бугари?а во Македони?а . [1]

Сво?от бурен револуционерен, општествен и културно-просветен живот го завршува во 1912 година во бугарскиот главен град Софи?а . [1] [2]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 д-р Сто?ан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник . Скоп?е: ИНИ. стр. 156. ISBN   9989-624-46-1 . Недостасува |author1= ( help )
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Личности од Македони?а . Скоп?е: МИ-АН. 2002. стр. 90?91. ISBN   9989-613-28-1 . На |first= му недостасува |last= ( help )
  3. Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878-1879, София, 1979, стр. 283
  4. 4,0 4,1 4,2 Славко Димевски, За разво?от на македонската национална мисла до создава?ето на ТМОРО , Култура - Скоп?е, 1980.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]