한국   대만   중국   일본 
Ендре Ади ? Википеди?а

Ендре Ади ( унг. Ady Endre , 22 ноември 1877 , Ерминдсент, Австроунгари?а - 27 ?ануари 1919 , Унгари?а ) е унгарски поет , еден од на?важните поети на XX век , но и воопшто во истори?ата на целокупната унгарска литература .

Ендре Ади

Животопис

уреди

Ади е роден во Ерминдсент (град во денешна Романи?а ко? се нарекува Едифалва на унгарски , односно Ади Ендре на романски и во двата случаи во чест на Ади), во Трансилвани?а , во осиромашено благородничко семе?ство. [1] Ендре бил постарото од двете деца. Посетувал едно протестантско училиште во Жила (денес Жала? , Романи?а ), а потоа учел право во Дебрецен . Иако бил одличен студент, то? ги прекинал правните студии за му се оддаде на новинарството . Наскоро Дебрецен му станал здодевен (град ко? подоцна ?е стане симбол за заостанатоста во неговата поези?а) и се преселил во На?варад (денешен Орадеа , Романи?а ), град со богат културен живот . Истовремено, Ади водел боемски живот, заглавува??и во хронично пи?анство. Тука, во унгарската провинци?а, то? дошол во допир со напредната гра?анска класа и добил одредени сознани?а за случува?ата во Европа , кои веднаш го привлекле.

Пресвртната точка во неговиот живот се случила во 1903 година, кога се запознал со една учена и отмена жена, Адела Брил (Госпо?а Диоси), богата венчана жена ко?а живела во Париз , но ко?а повремено го посетувала сво?от дом во На?варад. Леда (како што Ади ?а нарекол во своите песни) станала негова Муза . Таа го зела со себе во Париз , каде Ади го видел раскошниот живот, исполнет со пари , богатство и жени. Оттогаш, то? станал еден вид унгарски бегалец, разочаран од случува?ата во Будимпешта , ко? симболички го отфрлил своето благородничко потекло, нарекува??и се себеси ?благородник во опинци“. Ме?у 1904 и 1911 година, во период од седум години, Ади, исто толку пати ?е го посети Париз. Кога вратил оттаму по сво?ата прва посета (ко?а траела речиси една година), започнал да работи за весникот ?Будимпештански журнал“ ( Budapesti Naplo ), за ко?што напишал пове?е од 500 статии и многу песни.

Заинтересиран за политика, Ади станал член на радикалната група ?Дваесетти век“ ( Huszadik Szazad ). Во 1906 година била срушена унгарската влада, а биде??и весникот во ко? работел Ади пишувал во не?зина корист, то? одлучил да ?а напушти зем?ата и повторно заминал во Париз. Во 1907 година, Ади бил принуден да ?а напушти сво?ата работа во ?Будимпештански журнал“. Во 1908 година излегол првиот бро? на новото списание ?Запад“ ( Nyugat ), заедно со една песна и есе? на Ади. До кра?от на сво?от живот, Ади учествувал во одржува?ето на ово? месечник, ко? станал собиралиште на на?добрите унгарски писатели, а во 1912 година станал уредник на списанието. ?угат е, без сомнение, на?важното списание во истори?ата на унгарската литература. Сепак, биде??и ?угат не се занимавал со политика, Ади не бил сосема задоволен, па почнал да пишува и за други весници. То? бил особено критичен кон политичката ситуаци?а ко?а владеела во негово време. Го презирал национализмот на владеачките партии, но го критизирал и анти-национализмот на соци?ал-демократите; знаел колку Унгари?а е назад во развитокот во однос на западните зем?и, но сепак ги забележувал и грешките на Западна Европа .

Во 1908 година, во На?варад, то? бил основач на литературната дружина ?Утре“ ( A Holnap ), ко?а издаде антологи?а во ко?а биле застапени песни на Ади, Миха? Бабич , ?ула ?ухас и Бела Балач . Од 1909 година, Ади често одел во санаториуми , зашто неговото психичко здарав?е почнало да ослабува, како последица на неговиот хедонистички начин на живее?е . Политичката ситуаци?а во зем?ата станала критична, работниците протестирале и Ади можел да го предвиди доа?а?ето на револуци?ата . Неговиот личен живот исто така бил во криза - врската со Леда сe пове?е му станувала товар, биде??и откако Ади станал познат поет, таа ?а загубила доминантната позици?а во врската. Оттука, Ади и Леда се разделиле во 1912 година. Во 1914 година, Ади се запознал со дваесетгодишната Берта Бонча (ко?а во своите песни ?а нарекол Чинчка ), со ко?а се допишувал уште од 1911 година. Во 1915 година, тие се венчале без дозвола на не?зиниот татко.

По атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во 1914 година, Ендре ?а очекувал Првата светска во?на . Сите што ги познавал биле ентузи?астички расположени во врска со во?ната, поради што то? останал сам, уплашен и загрижен за иднината. Како признание на неговото творештво, Ади бил избран за претседател на Академи?ата Верешмарти , организаци?а на модерните писатели, но тешката болес го оневозможила да го одржи сво?от говор на промоци?ата. На 27 ?ануари 1919 година, во Будимпешта , Ади умрел на имотот на сво?ата жена - остарен, духовно скршен, во црни ракавици кои му ги криеле рацете , нагрдени од болеста како последица на неговите сексуални авантури. Сепак, Ади го доживеал кра?от на Австроунгарската монархи?а и прогласува?ето на Унгарската република , ко?а веднаш го прогласила за почесен претседател и “татко на нова Унгари?а ”. [2]

Поези?а

уреди

Во почетокот на 19 век , унгарските поети ги следеле стапките на Шандор Петефи и пишувале имитира??и го народното творештво, но без да ?а поседуваат Петефиевата визи?а (и уште пове?е - талент). Ади бил првиот унгарски поет ко? ?а напуштил традици?ата и експериментирал со нов, модерен стил. Уште млад, во Дебрецин , Ади об?авил две просечни збирки поези?а : ?Песни“ ( 1899 ) и ?Уште еднаш“ ( 1903 ). Дури по познанството со Леда и вра?а?ето од Париз , Ади ?а об?авил збирката ?Нови песни“ (1906), со ко?а веднаш го зазел централното место во унгарската култура . Оттогаш, то? нижел збирка по збирка, а унгарската културна ?авност била остро поделена на два спротивставени табора: за и против Ади, поделба ко?а останала до кра?от на неговиот живот . [2] И ден-денес, останува мистери?а како наеднаш Ади се преобразил од просечен провинциски поет во централно име на унгарската поези?а . Недво?бено, Ади бил под големо вли?ание на творештвото на Бодлер и Верлен . Често го користел симболизмот и на?многу пишувал за Бог , Унгари?а , ?убовта и борбата да се преживее. Неговата поези?а се одликува со оригинален поетски ?азик и со посебен свет на слики и метафори . На?страсните ?убовни песни во унгарската поези?а се оние кои Ади ? ги посветил на Леда.

Денес, заедно со Шандор Петефи, Ендре Ади се смета за на?големиот унгарски поет, ко? не само што извршил далекусежно вли?ание врз разво?от на унгарската поези?а, туку извршил своевидна поетска и општествена револуци?а. Без сомнение, Петефи служел како животен пример и поетски патоказ за Ади, ко? по сите симболистички и декадентни авантури се вратил на наследството на Петефи. [3]

Книги поези?а

уреди

Ади ги об?авил следниве збирки поези?а : [4]

  • Песни ( Versek ), 1899
  • Уште еднаш ( Meg egyszer ), 1903
  • Нови песни ( Uj versek ), 1906
  • Крв и злато ( Ver es arany ), 1907
  • Во кочи?ата на свети Или?а ( Az Illes szekeren ), 1908
  • Би сакал да ме сакаат ( Szeretnem ha szeretnenek ), 1909
  • Песните на сите та?ни ( A minden-titkok versei ), 1910
  • Избеганиот живот ( Menekul? ?let ), 1912
  • Маргита сака да живее ( Margita elni akar ), 1912 )
  • ?убов кон самите себеси ( A magunk szerelme ), 1913
  • Ко? ме видел? ( Ki latott engem? ), 1914
  • На чело на мртвите ( A halottak elen ), 1918
  • Последните бродови ( Az utolso hajok ), 1923 (посмртно)

Исто така, то? ги об?авил и лирските есеи “Писма од Париз”, неколку збирки раскази и бро?ни новинарски статии и есеи.

Цитати

уреди
  • Талентот има ужасна судбина во секо?а епоха, дури и во Златното Доба.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. ?удит Фри?еси, Bela Bartok and Turn-of-the-century Budapest , University of California Press, 2000, стр. 47 [1]
  2. 2,0 2,1 D. Ki?, ?Endre Adi“, во: Endre Adi, Pesme , Rad, Beograd, 1964, стр. 104-105.
  3. D. Ki?, ?Endre Adi“, во: Endre Adi, Pesme , Rad, Beograd, 1964, стр. 103.
  4. D. Ki?, ?Endre Adi“, во: Endre Adi, Pesme , Rad, Beograd, 1964, стр. 107.